Можеби е ноември, но Леонардо Дикаприо (45) не се откажува од омилената летна разонода. Славниот актер, кој утре ќе го прослави 46-от роденден, уживал во дружењето со пријателите на плажата во Малибу со својот најдобар пријател Емил Хирш (35).
Дека повеќе не е во најдобра физичка форма, славниот холивудски заводник покажал кога се соблекол на плажата, при што некогаш најсексапилниот актер на светот го покажа својот стомак. Глетката била уште помалку привлечна поради бермудите коишто делумно паднале под половината, па Дикаприо го покажал и задникот.
На актерот му се придружила и група пријатели на плажа, вклучувајќи го и неговиот татко, Џорџ Дикаприо, но меѓу нив била и 22-годишната девојка на Дикаприо, Камила Мороне (23) со која е речиси неразделен откако почна пандемијата на коронавирусот.
ФОТО: Instagram