ЛЕНИН СЕ ПОВЛЕКУВА „Не дозволувам Данела да го користи моето име за да се скрие од проблемот“
Како што посочи пред новинарите, Јовановски во изминатиот период тој е цел на секакви напади, како што и генералниот секретар Глигоров рече за некакви приватни интереси, поради тоа тој ќе се оддалечи од протестите со цел повеќе со неговото име да не се дефокусира јавноста од реалниот проблем со кој се соочуваат приватните превозници.
Јас денеска ќе се повлечам и како Ленин Јовановски и како „Слобода превоз“ од понатамошните процеси, ако веќе тоа беше некаква пречка. Или тоа гледам дека сега се актуализира до тоа ниво, да некој тоа му е изговор за неспособноста да го реши овој проблем на приватните превозници. Сега јас ќе им го одземам тој комодитет за да можат да се правдаат вперувајќи го прстот кон мене како индивидуа. Овој потег се надевам ќе ги охрабри другите институции да реагираат и го решат проблемот – рече Јовановски на денешната прес-конференција.
Како што посочи пред новинарите, Јовановски во изминатиот период тој е цел на секакви напади, како што и генералниот секретар Глигоров рече за некакви приватни интереси, поради тоа тој ќе се оддалечи од протестите со цел повеќе со неговото име да не се дефокусира јавноста од реалниот проблем со кој се соочуваат приватните превозници.
– Без тие наводни политички и приватни интереси, без тие наводи дека бизнисот на „Слобода превоз“ да остане во превозот, бидејќи и така ни е одземена дозволата и не можеме да учествуваме во јавниот превоз. „Слобода превоз“ останува да постои и јас како директор и тука сум да ги решам отпочнатите постапки пред надлежните институции за сето тоа што го прекршија, го кажуваа како невистини од страна на Градот, се до моментот додека не излезат на виделина сите вистински факти – додаде Јовановски.
Првиот човек на „Слобода превоз“ смета дека превозниците и без него ќе се организираат, а протестот според најавите ќе продолжи и понатаму.
Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, чии превозници трет ден го блокираат Скопје, вели дека никој нема да се пријави на јавниот оглас на Град Скопје за линиите 20 и 22.
-Никој, претпоставувам, од превозниците нема да се јави, ниту од постојните, ниту некој нов. По логиката на нештата, кој би сакал да влезе, да врши работа, да биде во јавниот превоз и после неколку месеци да ви кажат: „Тужете нѐ за долгот, ќе ви ја одземеме работата“. Се воведе една лоша пракса и довербата во Град Скопје, преку градоначалникот не дозволува луѓето кои сакаат да влезат во оваа работа, имаат интерес. Освен ако тоа не се некои кои се претходно договорени, рече Јовановски во изјава за Сител.