„ЛЕНД РОВЕР“ ВЛЕТА ВО ШКОЛСКИ ДВОР, ИЗГАЗИ СЕДУМ ДЕВОЈЧИЊА! Вознемирувачки инцидент во Вимблдон
Полицијата засега не го смета инцидентот за терористички напад, иако се испитуваат сите опции.
Седум деца и двајца возрасни се повредени откако автомобил „ленд ровер“ денеска претпладне со цела брзина удри во зграда на основно училиште во Вимблдон, во областа Камп Роуд во југозападен Лондон, јавуваат британски медиуми.
На неколку лица им е укажана медицинска помош, а на лице место е и хеликоптер на брза помош, како и екипи на пожарникари и полицајци.
Полицијата соопшти дека возачот на возилото застанал на местото на настанот и дека нема уапсени.
Претставник на локалната полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца возрасни и седум деца, додавајќи дека се очекуваат дополнителни информации за нивната состојба.
На снимките од воздух може да се види „ленд ровер“ во златна боја, како стои паркиран на училишниот терен, опкружен со кордон полицајци.
Полицијата засега не го смета инцидентот за терористички напад, иако се испитуваат сите опции.
– Во тек е истрага за да се разберат сите околностите во врска со тоа што се случи. Ова е крајно вознемирувачки инцидент. Има голем број настрадани – изјави претставник на полицијата. Тој рече дека ова е „прилично мирна и оддалечена област“.
Станува збор за приватно училиште за девојчиња на возраст од 4 до 11 години, за кое се плаќа прилично висока школарина. Се наоѓа на околу еден километар од селото Вимблдон, на патот кон неколку клубови за голф, тенис и крикет. Меѓудругото, на еден од овие терени се одржува и светски познатиот турнир во тенис.
Horrified to hear about the incident at a primary school in Wimbledon this morning.
My thoughts are with the children and families involved and grateful for the emergency services responding on the scene.
— Claire Coutinho MP (@ClaireCoutinho) July 6, 2023