ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНИ, А НЕ ДА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ Според ВМРО-ДПМНЕ таа е рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон

„Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДСМ и Зоран Заев“ – се вели во соопштението на партијата.

115

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра. Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева – пишува ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение.

„Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДСМ и Зоран Заев. Што повеќе да се каже од ова?






Интересно е како Ленче Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите. Затоа Ристоска наместо да се извини, прави дефокус и глуми жртва. Таа не е никаква жртва, туку рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ Го тужи и премиерот и бара извинување

Поврзани содржини