„ЛЕЛЕ КАКОВ ТИМ ЌЕ ИМАВМЕ“ Левандовски откри дека кажал „да“ за Манчестер Јунајтед, но…
Разговарав и со Фергусон, кога го слушнав со шкотскиот акцент… бев како, „Дали може да повториш?“ и му кажав, „Да, да, сакам да се преселам во Манчестер јунајтед“, откри Полјакот како гостин во емисијата на Рио Фердинанд.
Роберт Левандовски откри дека не можел да му каже „не“ на Алекс Фергусон за преселба во Манчестер јунајтед, но зделката на крајот не се реализирала.
– Кажав „да“ за преселба во Манчестер јунајтед, тоа беше во 2012 година. Разговарав и со Фергусон, кога го слушнав со шкотскиот акцент… бев како, „Дали може да повториш?“ и му кажав, „Да, да, сакам да се преселам во Манчестер јунајтед“ – откри Полјакот како гостин во емисијата на Рио Фердинанд.
На ова, Рио Фердинанд одговори: „Леле каков тим ќе имавме човеку!“
Запрашан зошто не го направил трансферот, напаѓачот рече: „Клубовите најдобро знаат“.