ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ВО АВСТРИЈА НЕИЗВЕСНО Владата утре ќе одлучи дали ќе ги преземе трошоците
Министерот за здравство Илир Демири денеска изјави дека Владата на една од изминатите седници донела заклучок со кој ги презема трошоците за лекување, а на утрешната Владина седница ќе се утврди дали е финализирано плаќањето за лекувањето на младото момче.
Дали ќе продолжи лекувањето на 18-годишниот Леонид Индов во Виена зависи од одлуката на Владата. Од Фондот за здравство сè уште нема одлука, а семејството веќе се соочува со дополнителни проблеми.
Таткото на Леонид вели дека од болницата во Австрија пристигнала фактура од над 100 илјади евра која треба да се плати до почетокот на мај, а во спротивно како што вели за Канал 5 неговиот син ќе треба да се врати дома.
– Министерството за здравство не плати и Фонд за здравство не одговори. Јас знам дека се избори, но светот не застанал. Ако не плати Министерството за здравство како што вети министерот јавно дали треба да го враќам назад Леонид? – изјави за Канал 5 таткото на Леонид.
Министерот за здравство Илир Демири денеска изјави дека Владата на една од изминатите седници донела заклучок со кој ги презема трошоците за лекување, а на утрешната Владина седница ќе се утврди дали е финализирано плаќањето за лекувањето на младото момче.
Од Фондот за здравство најавуваат дека следната недела ќе се одржи седница на Второстепената комисија во полн состав, а во меѓувреме одлучиле да бараат дополнителни понуди за дијафрагмален стимулатор.
Леонид Индов во моментов е на рехабилитација во Виена, откако минатата година доживеа несреќа во Грција и се здоби со сериозна повреда на рбетот. Тој до болницата во Виена беше пренесен со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.