ЛЕКОТ PAXITACEL Е НАРАЧАН, ЗА НЕГО ИМА ЗАМЕНА Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, велат од Онкологија
За „paclitaxel“ има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е „docatexel-от“. Исто така, лекот „еrlotinib“, се заменува кај пациентите со „gefitinib“, кој има идентична ефикасност, се вели во соопштението на клиниката. Во текстот е пренесена изјавата на директорот на клиниката кој уверува дека сите лекови ќе пристигнат во првата недела од јули.
Сите пациенти ја добиваат потребната терапија и достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, соопшти попладнево Министерството за здравство пренесувајќи ја информацијата од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).
„Лекот „paclitaxel“ е навреме нарачан од Клиниката, но, заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на Клиниката. За „paclitaxel“ има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е „docatexel-от“. Исто така, лекот „еrlotinib“, се заменува кај пациентите со „gefitinib“, кој има идентична ефикасност“, се вели во соопштението на клиниката.
Во написот се цитира и писмената изјава на директорот на клиниката, проф. д-р Игор Стојковски.
„Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме, уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден“.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.