ЛЕКОТ НЕ МОРА СЕКОГАШ ДА БИДЕ ГОРЧЛИВ Лекувањето со грозје се препорачува за многу болести

Како и исхраната со јаболка, лекувањето со грозје се препорачува за многу болести, како додаток на веќе преиспитаните методи за лекување на одредена болест.

346

Се применува, како и лекувањето со јаболка, за краток временски период, најчесто два до три дена, а кај малигните заболувања лекувањето со грозје трае помеѓу 15 и 30 дена.

Од грозјето се троши само пулпата, без семки и лушпа или се цеди свеж сок. Лекувањето започнува со 1 кг грозје. Количината постепено се зголемува додека не достигне 2-3 кг дневно.






Иако има повеќе видови на грозје, секој од нив ќе го освежи телото и ќе го снабди со потребните витамини. Малите бобинки, без разлика каква боја се, се богати со витамини А, Б6, Б и фолна киселина. Важно е да се спомене дека 100 грама грозје може да задоволи 25% од препорачаната дневна количина на витамин Ц.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини