Лекарите во Италија се на крај со силите, и самите заболуваат

Тие и здравствените работници како нив скоро сигурно го ширеле вирусот, дури и да не знаеле пред да им треба лекување или да заминат во самоизолација, веруваат експерти и лекарски синдикати. 

893

Во италијанската болница Oglio Po, 25 од 90 лекари се заразени со новиот коронавирус, што зголемува притисок врз здравствениот систем кој веќе е преоптеретен од пандемијата.

– Петтина вработени во болницата се заразени со коронавирусот – изјави шефот на болницата Даниела Ферари.






Тие и здравствените работници како нив скоро сигурно го ширеле вирусот, дури и да не знаеле пред да им треба лекување или да заминат во самоизолација, веруваат експерти и лекарски синдикати.  Состојбата е влошена од фактот дека немале доволно маски и раквици при откривање на инфекцијата пред еден месец.

– На крајот сме со силите – изјави лекарот Романо Паолучи, кој се врати од пензија за да и помогне на болницата Oglio Po крај Кремона, еден од најтешко погодените градови во Ломбардија.
– Немаме доволно ресурси и особено персонал затоа што, меѓу другото, и персоналот сега почнува да се разболува.

Во Ломбардија, регион со најмногу заразени и починати, најмалку две болници станаа жаришта на инфекција. Пациентите го заразиле медицинскиот персонал, кој потоа го ширел вирусот со преселување во нивните заедници пред да се воведе строг карантин.

– Тоа е еден фактор што придонесе за такво брзо ширење на вирусот, -рече Џузепе Ремузи, директор на Институтот за фармаколошки истражувања Марио Негри.
– Пациентите заразија други пациенти и лекари кои потоа излегоа и ги заразија другите – рече Ремузи.

На национално ниво, 4.268 здравствени работници, или 0,4 проценти од вкупниот број, се заразиле со вирусот до 20 март, според Националниот институт за здравство.

Во Бергамо, северо-источен Ломбардија, 134 матични лекари, 600 или 22 проценти, се разболеле или се во карантин, вели Гвидо Маринони, шеф на локалното здружение на лекари по општа пракса. Починаа тројца лекари.

– Ситуацијата е уште полоша во пензионерските домови – заразени се 1464 здравствени работници од 5.805.

Шефот на владиниот кризен штаб за борба со пандемијата на коронавирусот изјави дека на Италија и се потребни 90 милиони маски месечно и ги „активираше сите можни канали“ за да ги добие.
Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, изјави во четвртокот дека потпиша договор за четири милиони маски од Јордан.

Во неколку болници и здравствени центри во Милано, јавни и приватни, вработените и синдикатите исто така се жалат на несоодветни мерки за заштита на вработените.

Поврзани содржини