ЛЕКАРИТЕ СТРАВУВААТ ОД ОГРОМЕН КЛАСТЕР Градоначалникот Пецаков позитивен на ковид-19 се изгушка со половина Охрид

Градоначалникот, неофицијално, во охридската епидемиолошка служба инсистирал да не биде испратен во изолација, но неговите настојувања не биле послушани, пишува А1он.

2,296

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, се појавил меѓу луѓе на одбележувањето на Водици на 19 јануари, иако пред настанот правел тест за коронавирус, кој потоа испаднал позитивен, објави А1он.

Според порталот, охриѓани кои биле во контакт со него се распаметени и во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен, а паниката се ширела и во останатите градови, со оглед на тоа што во Охрид за Водици доаѓаат и луѓе од цела Македонија. Здравствените власти од Охрид велат дека најмалку 300 контакти на градоначалникот веќе побарале тестирање, но стравуваат дека кластерот ќе биде многу поголем.






Пецаков дента за Водици објави повеќе фотографии од прославата, на кои се гледа тој без маска и во близок контакт со луѓе.

Градоначалникот, неофицијално, во охридската епидемиолошка служба инсистирал да не биде испратен во изолација, но неговите настојувања не биле послушани, пишува А1он.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдуваат дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и сѐ уште важи правилото дека секој што се тестира веднаш да се изолира.

Пецаков засега не одговара на прашањата околу тестирањето и прославата на Водици. Неофицијално освен него, позитивен тест на коронавирус добил и секретарот на општината, Александар Китески.

Поврзани содржини