Лекарите со песна ги испраќаат излекуваните пациенти од ковид-19 (ВИДЕО)
Истата песна одекнувала и во ходниците на болницата „Хенри Форд“ во Детроит како порака до пациентите дека сепак постои светло на крајот на тунелот.
Медицинските работници во две болници во Њујорк и во Мичиген им пеат песни на пациентите кои се излекувани од опасниот коронавирус.
Како што може да се забележи на снимката, лекарите ја пеат и танцуваат на песната „Don’t Stop Believin“ од 1981 година на бендот „Journey“, а оздравените пациенти од ковид-19 среќни ја напуштаат болницата.
„Како надеж за време на овие предизвици нашата болница ја пушта ‘Don’t Stop Believin‘ секогаш кога се отпуштаат пациенти оздравени од коронавирусот“, напишаа од управата на болницата Квинс. Оттаму додаваат дека токму оваа песна треба да претставува инспирација за здравствените работници кои неупорно работат во првите борбени линии против тивкиот непријател.
Истата песна одекнувала и во ходниците на болницата „Хенри Форд“ во Детроит како порака до пациентите дека сепак постои светло на крајот на тунелот.