Лекарите ѝ се поклонија на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

1,012

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук сподели, како што кажа, историска фотографија на која докторите ѝ се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.

„Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша Филипче.

Поврзани содржини