ЛЕКАРИТЕ ОД УРГЕНТЕНО СЕ СПРЕМНИ ЗА НОВАТА ГОДИНА Има зголемен број дежурни екипи

На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и достоинствено прославување на новогодишната ноќ, како и умерено консумирање храна и алхохолни пијалаци, информираат од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

193

Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (Клиника за ТОАРИЛУЦ) информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните.

– Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и достоинствено прославување на новогодишната ноќ, како и умерено консумирање храна и алхохолни пијалаци – информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ.






Оттаму апелираат до граѓаните да не користат пиротехнички средства заради можност од сериозни телесни повреди кои може да предизвикаат инвалидитет.

Поврзани содржини