Лекарите од Нови Пазар ѝ го свртеа грбот на Ана Брнабиќ ВИДЕО
Лончар им возврати дека не знаат што прават, а Брнабиќ, пак, ги обвини дека се политички активисти.
Поголема група лекари од Општата болница во Нови Пазар, Србија, им завртеа грб на српската премиерка Ана Брнабиќ и на министерот за здравство Златибор Лончар, во знак на протест откако овој град се претвори во жариште на ковид-19 во земјата.
Додека Брнабиќ зборуваше, лекарите постојано довикуваа и свиркаа, изразувајќи незадоволство од условите во кои работат.
Лончар им возврати дека не знаат што прават, а Брнабиќ, пак, ги обвини дека се политички активисти.