Лекарите ѝ дали само 2 отсто шанси дека ќе преживее: Америка и жирито во солзи поради талентираната девојка ВИДЕО

596

Девојка по име Џејн (30) завчера се појавила во познатиот натпревар „Америка има талент“ и извела авторска песна посветена на нејзината борба против ракот.

– Како се чувствуваш сега? – ја прашал Сајмон Кауел младата девојка откако дознал дека се бори со лошата болест.






Таа открила дека на последниот преглед ѝ биле дијагностицирани метастази, како и дека лекарите ѝ дале 2 отсто шанси дека ќе преживее.

Оваа неверојатна девојка ја освоила публиката со својата убавина и оптимизам, но и со својот неверојатен глас.

Песната ги трогнала и членовите на жирито и гледачите на ова натпреварување.

Жирито, меѓу кои се актерката Софија Вергара и манекенката Хајди Клум, и публиката се расплакале, а еве што направил славниот Сајмон Кауел за оваа неверојатна девојка:

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини