Лекар тврди дека сув нос можеби е најраниот симптом на коронавирусот
Освен суво грло, краток здив, губење на сетилото за мирис и температура, се појави уште еден симптом на коронавирусот за кој лекарите велат дека е можеби еден од најраните показатели на инфекцијата, а тоа е сувиот нос.
Лекарите и натаму забележуваат нови симптоми на коронавирусот. Така сега, сувиот нос се споменува како знак за аларм и тоа можеби најран показател дека вирусот е во телото.
Освен најчестите симптоми, кои се познати како температура, краток здив, сува кашлица и губиток на сетилото за мирис, неодамнешна студија во Шпанија покажала дека дури 70 отсто од пациентите кои прележале ковид-19 имале сув нос. На нив дури подоцна им се јавиле другите симптоми на болеста, пишува на сајтот Express.co.uk.
Поради ова, д-р Хорди Навара и неговиот тим од Универзитетот во Барселона се уверени дека пронашле симптом кој досега бил запоставен. Како што вели д-р Навара, овој суптилен знак бил неоткриен до сега бидејќи го прикриле многу поизразени симптоми на ковид-19, како што е краткиот здив.
Научниците велат дека затоа сега потребно е да се изврши пообемна студија за да се покаже колку долго пациентите имале ваков проблем со носот пред да им биде потврден ковид-19.