Лекар од Тетово ја загуби битката со коронавирусот, беше со пациентите и во најтешките моменти

3,530

Почина лекар од Тетово на педесетгодишна возраст поради компликации предизвикани од коронавирусот, а неговите колеги изразуваат сочувсто на Фејбсук,.

Д-р Владимир Евтимовски, радиолог од Клиничката болница во Тетово симптоми на ковид-19  почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден. Состојбата нагло му се влошила по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но по кратко боледување денеска починал.






„Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти! Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!, вели неговиот колега од Тетово Арѓент Имери, радиолог и субспецијалист по дијганостика на дојка и изразува сочувство на Фејсбук.

Македонија и денеска има застрашувачки бројки на починати и новозаразени, пред малку Министерството за здравство објави дека починале 14 пациенти, а 1.285 се новозаразени.

Поврзани содржини