Лекар објави фотографија од јазикот на пациент со ковид-19: „Еден од петмина пациенти има симптоми кои не се на официјалната листа“

Промените на јазикот вклучувајќи болка, промена на боја, оток или невообичаена текстура понекогаш може да бидат последица на коронавирус, а не само на нехигиена.

811

Идентификуван е уште еден необичен симптом на ковид-19, а тоа е – шарен јазик, соопштија лекарите кои го следат ширењето на пандемијата.

Британскиот епидемиолог Тим Спектор од Универзитетот Кингс Колеџ Лондон кој води студија за симптомите предизвикани од коронавирусот, сподели на Твитер фотографија која прикажува ужасни последици од заразата.






Познатиот лекар, научник и автор на неколку стручни книги рекол дека заболените пријавиле и чиреви во усната шуплина.

„Еден од петмина заразени луѓе сè уште има мали вообичаени симптоми кои не се на официјалната листа – како осип на кожата. А, во последно време се среќаваме со се поголем број на ковид јазик и невообичени чиреви во усната шуплина“, напиша лекарот.

Гарбијел Скали, претседател на епидемиологија и јавно здравство рекол дека слични симптоми веќе некое време се поврзуваат со коронавирусот.

Промените на јазикот вклучувајќи болка, промена на боја, оток или невообичаена текстура понекогаш може да бидат последица на коронавирус, а не само на нехигиена.

Поврзани содржини