Лекар користел деца како фрижидери за вакцини – генијална идеја од 19 век која спасила илјадници животи

Сипаниците убиле милиони луѓе во 18 век пред англискиот лекар Едвард Џенер во 1796 година да открие дека сипаниците кои го напаѓаат добитокот функционираат како вакцина.

861

Лекарот Франсиско Хавиер де Балмис користел деца за да може да ја зачува вакцината против сипаници за време на патувањето во шпанските колонии.

Кога лекарот отпловил во Шпанија, во 1803 година за да ги вакцинира жителите на шпанските колонии против сипаници, тој немал начин да ја зачува свежината на вакцините, па затоа ги користел децата како „ладилници“, пишува „Гардијан“.






Во генералната архива на Индија во Севилја е отворена изложба на документи за патувањето на Балмис, а ќе бидат изложени до 15 септември, за прв пат ги набројуваат имињата и годините на децата кои ја овозможиле, најверојатно, првата хумана мисија во историјата.

Раководителот на изложбата, Мануел Алварез, ја опиша изложбата како „посвета за сите здравствени работници кои се бореле и се борат против ковид-19“.

Сипаниците убиле милиони луѓе во 18 век пред англискиот лекар Едвард Џенер во 1796 година да открие дека сипаниците кои го напаѓаат добитокот функционираат како вакцина.

Балмис, кој бил лекар во Армијата, а воедно и судски преведувач за медицински прашања, го убедил шпанскиот крал Карлос IV, чија ќерка починала од вариола, да финансира кралска филантропска експедиција во шпанските колонии, за да го вакцинира локалното население против сипаници.

Целта на таа визионерска мисија била да се вакцинира населението, но и да се формираат центри за вакцинација со цел да се контролира секоја идна пандемија, пишува британскиот весник.

Експедицијата започнала со брод од пристаништето Коруна во северозападна Шпанија, со 22 сирачиња. Меѓу нив бил и 9 годишниот син на Изабел Зендал, која го водела локалното сиропиталиште. Зендал се грижела за децата, но работела и како медицинска сестра.

Бидејќи вакцината против сипаници може да издржи најмногу 12 дена без да се расипе, Балмис на секои 10 дена инфицирал по 2 деца со говедскиот сој на сипаници, за потоа од нивните пликови заразувал други две деца и сè така додека не пристигнале на дестинација со свеж и употреблив серум за вакцинирање луѓе.

Децата се разболеле по примањето на ваквиот вирус, но не умреле. Иако од денешна перспектива, ваквиот метод за чување на вакцината изгледа варварски, во тоа време тоа било нормално. Џенер својата вакцина ја тестирал на осумгодишно момче.

Во Мексико останале 22 деца кои биле вакцинирани, додека Балмис регрутирал други 26 деца. Документите покажуваат дека станува збор за момчиња од Мексико на возраст од 4 до 14 години, кои родителите му ги предале на Балмис во замена за пари. Некои се опишани како „Шпанци“, а други пак како „местизоси“ (од мешана крв).

Кога Балмис ја завршил својата експедиција, околу 300.000 луѓе на Канарските острови, Перу, Еквадор, Колумбија, Венецуела, Мексико, Филипини и Кина биле вакцинирани бесплатно.

– Стратегијата која ја користел Балмис, бил евтин, генијален и пионерски начин за вакцината да се однесе во добра состојба до Америка. Таквата стратегија веројатно денес би била критикувана како неетичка, но влијанието и придобивките од експедицијата на Балмис не може да се негираат – вели Алберто Гарсија-Бастеиро, епидемиолог и професор на Универзитетот во Барселона.

Болницата во Мадрид која играше клучна улогаво борбата против ковид-19 го носи името Изабел Зендал, а Владата во Мадрид ја нарече „Операција Балмис“ операцијата за дезинфекција на домовите на старите лица, во која учествуваа 2.500 воени лица.

Поврзани содржини