ЛЕКАР БЕЗ ДИПЛОМА ШЕСТ ГОДИНИ ГИ ЛЕКУВАЛ ВЕВЧАНЦИ? Жителите се посомневале кога полицијата влегла да го „чешла“ здравствениот дом
Лекарот чие образование е спорно веќе една недела не работи, додека се испитува случајот. Во Здравствениот дом инаку се лечат пациенти од Охрид, Струга и околните места. Директорот за Алфа ТВ изјави дека ќе се произнесе за целиот случај откако органите на прогонот ќе си ја завршат работата.
Лекар без никаква диплома, кој воопшто немал завршено медицински факултет, цели шест години ги лекувал жителите на Вевчани, објави ТВ Алфа. Надлежните го истражуваат случајот.
Лекарот чие образование е спорно веќе една недела не работи, додека се испитува случајот. Во Здравствениот дом инаку се лечат пациенти од Охрид, Струга и околните места.
Од полиција кусо велат дека работат на расветлување на случајот и на утврдување на околностите.