Лек против корона во Делчевско: Протни се под корен од дрво ВИДЕО

3,200

Седумдесетгодишен маж од Делчевско поставил патоказ на патот меѓу Делчево и Штип за луѓето полесно да дојдат до лекот против коронавирусот.

Тој вели дека сонувал дека лекот е човек да се протне под корен од дрво од орев. И, решил сонот да го претвори во реалност, па ископал процеп меѓу корените од две млади дрва орев во близина на реката Брегалница.






Делчевецот вели дека и лекари доаѓале да го испробаат неговиот лек. Сепак, истакнува, ако дојдат вакцините ќе се вакцинира, затоа што освен во сонови, верува и во медицината.

Поврзани содржини