Лек против астма го намалува ризикот за хоспитализација од ковид-19

Будезонид (инхалаторен кортикостероид) „го намалува ризикот од итна помош или хоспитализација за 90 отсто кога ќе се спореди со нормална грижа“, велат експертите од Оксфорд.

303

Лек против астма може драматично да го намали ризикот од хоспитализација, симптомите и времето на опоравување кај пациенти со Ковид-19 доколку се употребува една недела по појавата на симптомите. Тоа го откриле истражувачи од Универзитетот Оксфорд.

Будезонид (инхалаторен кортикостероид) „го намалува ризикот од итна помош или хоспитализација за 90 отсто кога ќе се спореди со нормална грижа“, велат експертите од Оксфорд.






Тие дојдоа до резултатите по 28-дневно истражување, во кое беа вклучени 146 пациенти.

Истражувачот Мона Бафадел истакна дека е „охрабрена од релативно безбедниот, широко достапен и добро проучен лек“.

Поврзани содржини