📷 ЛЕГЕНДАТА СИ ЗАМИНА СО КАРТОНСКА КУТИЈА В РАЦЕ Варди се прости од Лестер на емотивен начин

Варди го напушта клубот во кој помина 13 години, а во синиот дрес одигра 500 натпревари и даде 200 гола.

240

По 13 години верност, сензационални моменти и незаборавни голови, Џејми Варди стави крај на својата приказна со Лестер Сити. Напаѓачот кој стана симбол на „Лисиците“ и јунак на шампионската титула во 2016 година, одигра својот последен натпревар за клубот – токму на јубилејниот 500-ти меч, на кој го постигна и 200-тиот погодок во синиот дрес.

Против Ипсвич, Варди уште еднаш блесна, но на крајот натпреварот доби дополнителна тежина – бидејќи беше и негово проштално појавување во дресот на Лестер. На социјалните мрежи на клубот беше објавена фотографија која ги растресе навивачите: Варди заминува од стадионот со картонска кутија во рацете – симболично и тивко збогување со клубот на неговиот живот.






Останува запаметен и по тоа што своевремено одби понуда од гигантот Реал Мадрид, избирајќи да остане верен на Лестер.

 

Поврзани содржини