ЛЕГЕНДАТА ЌИРО БЛАЖЕВИЌ СО ЕМОТИВНА ПОРАКА Многу сум болен, збогум!

5,006

Легендарниот хрватски фудбалер и тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ,како што го нарекуваат „тренерот над сите тренери“, во разговор за словенечки „Спорт Клуб“во пресрет на натпреварот меѓу Словенија и Хрватска, откри дека е тешко болен и тоа интервју го искористи да се прости од словенечките фанови, истакнувајќи дека е во лоша состојба и дека можеби никогаш повторно нема да се видат.

Блажевиќ во емотивната изјава изрази својата љубов кон словенскиот народ и им кажа збогум.






–  Нашата љубов е безгранична, а од мене почна бидејќи оддамна бев многу заљубен во една Словенка од Птуј. Многу ве ценам и почитувам. Но, сепак морам да ви кажам една тажна вест. Јас сум многу, многу болен. Покрај тоа што сум стар, имам 86 години. Доколку наскоро не дојдам, а веројатно и нема, сакам да ја искористам оваа прилика да ја изразам својата љубов и да ги поздравам сите мои пријатели во Словенија. Сакам да им порачам дека треба да бидат горди што се Словенци. Достигнавте цивилизациско ниво за кое ние Хрватите целиме. За жал, морам католички да ви кажам – збогум. Збогум драги мои Словенци. Жал ми е. Песимистичен сум – порача Влажевиќ за Спортклуб.

 

Поврзани содржини