ЛЕГЕНДАТА ЈА ГУБИ БИТКАТА Ракот на Пеле е во напредна фаза
Како и секогаш, благодарни сме за љубовта и поддршката која нѝ ја пружате тука во Бразил и ширум светот. Вашата поддршка многу нѝ значи, знаеме дека не сме сами. Ви посакуваме весели божиќни празници, стои во објавата на Кели Насименто, ќерката на Пеле.
Бразилската фудбалска легенда Пеле нема да биде отпуштен од болницата Алберт Ајнштајн во која се наоѓа поради рак на дебелото црево, бидејќи неговата состојба се влошила.
Од болницата велат дека болеста кај 82-годишниот Бразилец напредува и дека му е потребна понатамошна нега за да се избегнат бубрежни и срцеви проблеми. Пеле во последната година се бори со рак на дебелото црево, а во болница бил примен на 29-ти ноември поради преглед и процена на понатамошното лекување.
Веста за влошената здравствена состојба на поранешниот фудбалер ја потврдија и неговите ќерки кои порачаа дека нивниот татко ќе го дочека Божик во болница.
– Нашата божиќна прослава е откажана. Така одлучивме во договор со лекарите од неколку причини. Би било подобро да останеме сите заедно и да веруваме во помошта која нѝ ја пружаат лекарите. Како и секогаш, благодарни сме за љубовта и поддршката која нѝ ја пружате тука во Бразил и ширум светот. Вашата поддршка многу нѝ значи, знаеме дека не сме сами. Ви посакуваме весели божиќни празници – стои во објавата на Кели Насименто.
За потсетување, Пеле беше предводник на една од најдобрите бразилски екипи во историјата со која 3 пати го освои Светското првенство – 1958, 1962 и 1970 година.
E olha aí nosso eterno Rei ainda no Albert Einstein. Força, gênio, eu te amo Pelé! pic.twitter.com/yd0tqaXMu9
— Milton Neves (@Miltonneves) December 21, 2022