ЛЕГЕНДАРНИТЕ КОМИЧАРИ ДОБИЈА ВНУКА Еди Марфи и Мартин Лоренс станаа дедовци на малата Ари Скај

Деновиве, легендарните комичари станаа дедовци, кога ќерката на Мартин Лоренс роди девојче, чиј татко е синот на Еди Марфи.

51

Кога Јасмин Лоренс и Ерик Марфи пред неколку месеци објавија дека ќе станат родители, веројатно никој немаше ни да забележи ако не беа нивните презимиња. Јавноста тогаш полуде од среќа затоа што – доаѓа внукот или внуката на Еди Марфи и Мартин Лоренс. Шегите за духовитоста на дете чии дедовци се двајца легендарни комичари никогаш не престанаа.

Сега знаеме дека двајцата комичари добија – внука. Ќерката на Лоренс, Јасмин, се породи во април, а дедото Еди ја откри веста за време на ексклузивно интервју за E! News.

– Тие штотуку добија девојче. Ја добија пред две недели, или пред една недела. Да, Ари Скај – рече Марфи за време на интервјуто.

Гордите родители Ерик и Јасмин Марфи сè уште не ја потврдија веста, а кога во февруари објавија дека очекуваат дете, објавата содржеше фотографија од двојката и трудничкиот стомак на Јасмин, со натпис: „Ти благодарам, Исусе, за најголемиот подарок“.

Што се однесува до преслаткото име дадено на малата потенцијална комичарка, Ари Скај, еве што значи тоа.

Ари е име од хебрејско потекло, а според некои, значи „лав Божји“. Често може да биде и прекар, а можните форми вклучуваат Ариел, Арија, Арја, Аријана. Скај е шкотско име, неутрално по пол и значи „остров на облаци“ или едноставно – небо.

Еди Мерфи има уште две внучиња покрај бебето Ари Скај, а бебе очекува и неговата ќерка Брија Марфи. Бебето Ари е првото внуче на Мартин Лоренс.

Поврзани содржини