Легендата на Рома, Франческо Тоти денеска ја посетил тинејџерката која после девет месеци излегла од кома откако го слушнала гласот на познатиот фудбалер. Иленија Матиљ (19) била во кома од декември лани по тешката сообраќајна несреќа во која едно лице загинало.
Таа неодамна се разбудила од кома откако го слушнала гласот на Тоти.
– Иленија не се откажувај, можеш да се избориш, сите сме со тебе – рекол Тоти во видео пораката која пред неколку месеци и ја пратил на девојката во болница.
Откако бил во посета, Тоти бил под силен впечаток.
– Ми се насмеа, ме прегрна и заплака. Беше трогателно да ја запознам Иленија и ќе се видиме кога ќе излезе од болница – изјавил Тоти кој повеќе од еден час бил со пациентката.
Иленија се уште не може да зборува туку преку таблет комуницирала со Тоти.