📷 ЛЕГЕНДАРНИОТ РОКЕР ПАТУВАЛ СО ВОЗ Никој не го препознал пејачот 

Џек Вајт, американски рокер (49), познат како фронтмен на легендарните „Вајт страјпс“ (White Stripes), минатата недела патувал сосема незабележано со патнички воз од Бирмингем до Глазгов. Тој имал свирка таму, во култната сала Бароуленд и никој во возот не го препознал.

387

Џек Вајт, американски рокер (49), познат како фронтмен на легендарните „Вајт страјпс“ (White Stripes), минатата недела патувал сосема незабележано со патнички воз од Бирмингем до Глазгов. Тој имал свирка таму, во култната сала Бароуленд и никој во возот не го препознал.

„Повторно се возам со воз од Бирмингем до Глазгов. Одлично е што можам така да патувам меѓу свирки. Шкотската публика е толку луда, така што јас сум горд на корените на татко ми“, изјавил рокерот роден во Шкотска.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack White (@officialjackwhite)


„Вечерва публиката беше луда! Со сопругата се сликавме во возот, а имаме и фотографија од надзорната камера“, додал тој.

Вајт патувал со сопругата Оливија Дин, а фановите биле шокирани кога дознале дека славниот рокер патува со обичен воз.

„Не можам да верувам дека навистина се возевте од Бирмингем, каков хит“ и „Замислете да патувате во истиот воз со музичка легенда и да немате поим!“ напишаа тие.

Инаку, минатиот август, Вајт ја нападна кампањата на Трамп и се закани со тужба, бидејќи ја користеле песната на „Вајт страјпс“. Без влакна на јазикот, напиша: „Не ни помислувајте да ја пуштате мојата музика, фашисти. Пристигнува тужба од моите адвокати. Да додадам на 5.000 други кои веќе ги имате.“

Всушност, Марго Мартин од комуникацискиот тим на Трамп објави видео од него како се качува во авион со хитот од 2003 година, „Seven Nation Army“, а на Џек не му допаднало тоа.

 

 

 

Поврзани содржини