ЛЕГЕНДАРНИОТ ПЕЛЕ ХОСПИТАЛИЗИРАН Бразилскиот фудбалер беше опериран од канцер

На Пеле му беше отстранет туморот во септември 2021 година, по што почна со хемотерапија.

247

Славниот бразилски фудбалер Пеле е хоспитализиран во Сао Паоло за да му бидат регулирани лековите кои ги користи во борбата против туморите на дебелото црево, потврди неговата ќерка Кели Насименто-Делука.

Таа на Инстаграм напиша дека нема „ништо алармантно“ за здравјето на нејзиниот 82-годишен татко, откако веста се појави во медиумите.






На Пеле му беше отстранет туморот во септември 2021 година, по што почна со хемотерапија.

Поврзани содржини