Легендарниот Бочели објави дека боледувал од ковид-19
Бочели на својот „Фејсбук“ објави дека тој и членовите на неговото семејство имале лесна и асимптоматска форма на болеста.
Италијанскиот оперски пејач, тенорот Андреа Бочели, денес објави дека целосно се опоравил од вирусот ковид-19.
Бочели на својот „Фејсбук“ објави дека тој и членовите на неговото семејство имале лесна и асимптоматска форма на болеста, но дека не сакал тоа да го објави во јавноста, затоа што не сакал непотребно да ги алармира своите фанови и да ја зачува приватноста на семејството, пренесува „CNN“.
Светски познатиот тенор најави дека ќе донира крв за да помогне во клиничкото истражување за оваа болест.
На 12 април, на денот на католичкиот Велигден за време на карантинот, Бочели одржа бесплатен концерт во целосно празната катедрала Дуомо во Милано, која се емитуваше преку Интернет.