ЛЕГЕНДАРНИОТ АЛ БАНО ГО КРЕНА ЗАГРЕБ НА НОЗЕ И на 82 години, италијанската легенда го има истиот препознатлив глас

Хрватските медиуми со воодушевување пишуваат за концертот на италијанската музичка легенда Ал Бано и неговиот концерт во салата „Ватрослав Лисински“ како за вечер за паметење, исполнета со емоции, носталгија и хитови што ги знаеме напамет.

66

Во среда вечерта, концертната сала Ватрослав Лисински се претвори во вистинска мала италијанска сцена. Легендарниот музичар Ал Бано ги спои италијанските канцони, поп и бел канто, а уште од првите тактови беше јасно дека публиката ќе го добие токму она што беше ветено, концерт од емоции, спомени и пеење заедно, пишуваат хрватските медиуми.

Во елегантен син костум и препознатлив бел шешир, Ал Бано го „загреа“ Лисински со низа класици, од побавни, речиси молитвени балади до поритмички песни што ја натераа публиката спонтано да стане од своите места. Салата беше исполнета со пеење во глас, а многумина ги доживеаа неговите хитови како музичка разгледница од сопствената младост, пишуваат тие.
Интересен момент од концертот бил кога 82-годишниот пејач слегол од сцената за да дојде кај своето семејство – ќерката Кристел Каризи и нејзиниот сопруг, еден од најбогатите Хрвати, претприемачот Давор Лукшиќ, и внуците кои го гледале настапот на својот дедо.






Претходно, во интервју за tportal, тој зборува за Хрватска која не е само земја каде што пее за себе, туку е негов втор дом бидејќи неговата ќерка Кристел Кариси и зетот Давор Лукшиќ живеат во Загреб со нивното прекрасно семејство веќе десет години.

Ал Бано со години настапуваше со својата прва сопруга и мајка на неговите четири деца, меѓу кои е и Кристел, Ромина Пауер. Повозрасните сигурно се сеќаваат на нивната трагична приказна поврзана со исчезнувањето на нивната најстара ќерка во 1994 година.

Исчезнувањето на Иленија Кариси, најстарата ќерка на италијанските пејачи Ал Бано и Ромина Пауер, е еден од најмистериозните случаи од 1990-тите. Во јануари 1994 година, 23-годишната девојка исчезна во реката Мисисипи во Њу Орлеанс, САД.

Иако бракот на Ал Бано и Ромина Пауер по ова се распадна, тие подоцна повеќе пати повторно настапуваа заедно.

Еден од нивните заеднички настапи во 2019-та можете да видите во видеото подолу.

Поврзани содржини