Легендарната Тина Тарнер се враќа на сцената по 12 години! ФОТО

650

На радост на милиони обожаватели ширум светот, легендарната Тина Тарнер го погази својот збор и покрај тоа што, откако го загуби својот син пред две години и се пензионираше, сега го замрзна тој статус, сè за да направи ремикс на својот голем хит „What’s Love Got To Do With It“, во соработка со еден млад диџеј.

Имено, Тина се врати на музичката сцена на наговоро го норвешкиот продуцент и диџеј Кајга, кој направи ремикс на нејзиниот хит, кој првпат беше објавен уште во 1984 година.






28-годишниот Кајго ја објави веста на својот профил на Инстаграм, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.

– Сè уште не верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат во петок. „What’s Love Got To Do With It? е една од моите најдраги песни на сите времиња и се чини нереално да имам прилика да работам со таква легенда – открил Кајго.

Овој млад човек влезе во музичката историја минатата година со тоа што направи ремикс на песната на Витни Хјустон, „Higher Love“, која постхумно го донесе нејзиниот запис на Билборд Хот 100.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини