Легендарната спортска новинарка позната по преносите на уметничо лизгање во поранешна Југославија, пред 15 дена го прославила 92-от роденден, а потоа завршила во болница поради ковид-19.
Поради здравствени проблеми таа е хоспитализирана пред 15 дена, а ден по роденденот е префрлена во Клиничката болница Дубрава, пишува Јутарњи лист.
Според информации од болницата, Бабовиќ засега добро се бори со ковид-19.
Омилената ТВ личност, славна новинарка, коментаторка и поранешна атлетичарка, голем космополит родена е во Скопје, се образувала во Сараево, живееле во Рума и во Белград, за на крај да се скраси во Загреб.