📷 ЛЕГЕНДАРНАТА СОФИЈА ЛОРЕН ФОТОГРАФИРАНА БЕЗ ГРАМ ШМИНКА НА 90 ГОДИНИ Филмската дива ги изненади сите!
Славната актерка повеќе не може да се види често во јавност, причината се здравствените проблеми, но пред неколку дена на Инстаграм се појавија нови фотографии од познатата актерка.
Италијанската и светска дива Софија Лорен е вистинска икона на убавината, тој статус го носеше во 20 век, а истата позиција ја има и сега – во 2025 година. Славната актерка повеќе не може да се види често во јавност, причината се здравствените проблеми, но пред неколку дена на Инстаграм се појавија нови фотографии од познатата актерка.
„На 90-годишна возраст, Софија Лорен сè уште плени со истиот шарм, со кој го маѓепса светот. Новите фотографии што кружат на интернет – снимени во нејзиниот дом во Женева – нè потсетуваат која била и која е и понатаму: жива легенда, силна, елегантна, префинета жена“.
Софија денес не е само најголемата италијанска актерка на сите времиња, туку и прекрасен пример за достоинство, интелигенција и љубов кон животот.
View this post on Instagram
„Нека овие фотографии нè потсетат дека вистинската убавина е безвременска. И дека брчките на филмската кралица раскажуваат приказни што времето никогаш нема да ги избрише. Ти благодарам, Софија. Ја споделуваме оваа насмевка, со гордост и емоции“, напишал комичарот Енцо Амато Мас.
Повеќето луѓе на Инстаграм ја фалат безвременската убавина на Софија Лорен: „Вистина е! Убавината нема возраст! Нејзината насмевка ни кажува сè, прекрасно“, „Голема Софија! Кралска убавина!“, „Те сакаме секогаш и ние остаревме, тоа е животот“, „Вистинска природна жена затоа што ова е убавина!“, „Најубавата актерка на светот затоа што убавината доаѓа со шармот и елеганцијата“.
Малкумина се оние кои велат дека не ја препознале актерката, дека фотографијата е фотошопирана, но и дека нејзиниот изглед не е дело на природата.
Прекрасната Софија Лорен, која изјавила дека не планира да се пензионира од светот на филмот, гордо позирала, а критичарите се во право, ова не беше „храбро“ за Софија, бидејќи таа одамна покажа колку е храбра жена. Презентирањето без шминка е нешто доста вообичаено, или барем треба да биде, но со оглед на стандардите за убавина – за некои тоа е далеку од добар изглед, па затоа храброста се издвојува.
Некои забораваат дека самата Софија Лорен е стандард на убавина, благодарение на нејзиниот талент, харизма и начин на живот.
Дивата ќе наполни 91 година на 20 септември.
Во 2023 година, Софија доживеа несреќа кога падна во својот дом во Швајцарија, при што се повреди на бутната коска и колкот. Шест недели подоцна, нејзиниот менаџер Карло Густи изјави дека актерката се опоравува и дека сè оди во вистинската насока.