📷 ЛЕФКОВ ТВРДИ ДЕКА ВО КУЌАТА НА СУДИЈКАТА БИЛ СМЕСТЕН ШТАБ НА СДСМ Кој ѝ наложил да го спаси возачот убиец на Фросина од затвор за дрога?
Штаб на СДСМ бил сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога.Ова се фотографии од куќа сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце, обвини Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска покажувајќи фотографии на кои, тврди, е куќата на судијката.
– Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДСМ, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДСМ во Ранковце – објасни Лефков.
Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДСМ се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб, вели пратеникот.
– Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДСМ, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом. Ова се судиите на СДСМ, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДСМ во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има – порача Лефков.