ОПОЗИЦИЈАТА ШИРИ СОМНИТЕЛНИ ВЕСТИ И ОМАЛОВАЖУВА Лефков предупредува на валкана предизборна кампања за локалните избори

Опозицијата постојано упатува навреди, кои можат да наштетат на демократијата, затоа што освен однесувањето на Владата, важно е и однесувањето и на опозицијата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

170

Опозицијата постојано само омаловажува и нема никаков критички осврт, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за собраниската седница за ребалансот на Буџетот.

– Зборуваат за пренамена на 4 милиони денари, кога во исто време за надоместување на штетата што ја има направено Оливер Спасовски во МВР потребни се 22 милиони евра. Додека УЈП во нивно време ја тресеа скандали за поврат на милиони ДДВ, милиони денари ДДВ од фиктивни фирми, сега тие за одредени проценти од тој износ се обидуваат да скандализираат и тоа само затоа што биле пренаменети од една на друга ставка и тоа на крајот резултираше со навреди од страна на Битиќи – кажа Лефков.






Тој потенцира кажа дека во земјава во моментов недостасува критичната мисла и борба на идеи.

– Една опозиција која што навистина не си го најде своето место. Она што можеме да го видиме што се случува и од најавите и од начинот на којшто се поставува опозицијатa, се најавува навистина валкана кампања за локалните избори. Затоа што во Македонија недостасува критичната мисла, недостасува борба на идеи, борба на платформи. Единствени коишто имаат одредена платформа и се борат за нејзина реализација практично во овој момент е Владата – истакна Лефков.

Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги испорачува предизборните ветувања, и тоа е сосема видливо.

– Од другата страна наместо критики имаме навредување омаловажување. Гледаме сомнителни вести, ширење на сомнителни вести, обид за етикетирање и сето тоа засилува како што се наближуваат локалните избори – рече Лефков.

Според Лефков, опозицијата постојано упатува навреди, кои можат да наштетат на демократијата, затоа што освен однесувањето на Владата, важно е и однесувањето и на опозицијата.

 

Поврзани содржини