ЛЕФКОВ ИЗВАДИ ФОТОГРАФИЈА НА ЗАЕВ СО ВОЗАЧОТ-ПОТПАЛУВАЧ Му бил човек од доверба кога ги носел „бомбите“ во СЈО

Ако А.Н. бил проверен човек на Заев, и лице од највисока доверба, не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите, праша Лефков.

3,350

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска објави фотографија на која тврди дека се гледа шоферот А.Н. како дел од најтесниот круг на Зоран Заев.

– Заев лаже кога вели дека А.Н. не му бил шофер. Од оваа фотографија се гледа дека токму потпалувачот на пожари е дел од кругот на Заев кога тој ги предаваше „бомбите“ во СЈО и кога по кажувања на нему блиски се опкружил само со проверени луѓе. Ако А.Н. бил проверен човек на Заев, и лице од највисока доверба не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите? Шоферот на Заев е жив фатен, а со тоа и СДС. Има ли некој во државата кој верува дека шоферот на Заев постапувал на своја рака? – рече Лефков.






Пратеникот го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават лица блиски до поранешниот лидер и премиер.

– Доколку Венко Филипче продолжи да молчи, само ќе потврди во целост, дека тој е едно со Заев, дека ја спроведува неговата политика и неговата агенда – додаде Лефков.

Заев вчера негираше дека приведениот за подметнување пожар не бил негов личен возач, туку дека бил општински возач во Општина Струмица.

ЗАЕВ НЕГИРА ДЕКА ВОЗАЧОТ-ПОТПАЛУВАЧ МУ БИЛ ШОФЕР Тврди дека не го видел откога му завршил мандатот во Струмица

Поврзани содржини