Лефков: Ќе го поддржиме законот за лична карта ако се избрише член 6 со кој Република Македонија ќе биде заменета со новото име

1,237

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во 24 Анализа зборуваше за додавање на етничката припадност во личната карта и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се избрише член 6 од овој закон за лични карти кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со новото Уставно име.

– Личната карта претставува еден вид на внатрешен пасош. Сето она кое што се случи односно во ситуацијата  во која Зоран Заев и неговата надворешна политика го стави македонскиот народ во една нерамноправна положба затоа што според Преспанскиот договор е утврдено државјанството да биде Македонец/Граѓанин на Република С. Македонија. ВМРО-ДПМНЕ овој закон  го услови со еден амандман. Единствениот амандман кои ние го поднесовме е  да се избрише членот 6 кој предвидува името Република Македонија да биде заменето со ново име. Самиот амандман е оправдан затоа што тој рок е предвиден во уставниот закон за усогласување кој што дава преоден рок од 5 години. Тоа  е нашето условување да го поддржиме овој закон. Не е вообичаено да биде внесена етничката припадност во лична карта меѓутоа кога треба ние да имаме една дивоградба кој се викаат граѓани на С. Македонија и сега имаме прилика во личната карта на секој Македонец да пишува дека е Македонец, да ние ќе ја дадеме нашата поддршка – рече пратеникот Лефков.






Според него, најголем непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање државата има пад на сите полиња.

– Прашањето  беше дека  Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта  ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат. Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа. Имаме целосна партизација на државата затоа  сме на 111 место според Транспаренси Интернешнл и затоа сме најкорупмирана држава. И ајде признајте дека нема ништо друго поважно во личната карта на Македонец да пишува освен Македонец, а понатаму треба да ги средиме институциите за да не се влечат граѓаните во штабови  и да ни бидат партизирани институциите и целата држава –  истакна Лефков.

 

Поврзани содржини