Лефков:  Додека цела Европа се вакцинира, ние чекаме, просиме и броиме фиктивни вакцини

1,017

Додека Цела Европа влегува во процес на вакцинирање ние чекаме и просиме вакцини. Со ова темпо со кои стигнуваат вакцините, не знам дали за една декада ќе се вакцининираме како држава, вели за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков

– Не знам како Заев си зеде за слобода пред цела јавност да вели дека немаме вакцини затоа што сме западно и НАТО ориентирани. Тоа е најанти-НАТО и најконтраевропска изјава. Сето тоа се должи на нивната нестручност. Еве гледате дека администрацијата на Вучиќ ја истерала цела постапка да дојдат кај нас вакцините. Која е улогата на Филипче и што работи – вели тој.






Лефков додаде дека Филипче „блесна“ кога ги учеа граѓаните како се мијат раце и некои други совети на телевизија со маратонски прес конференции, а кога дојде до вакцините се смени целата ситуација.

– Се сеќавате на неговата изјава од први јануари дека од Фајзер го замолил е да не кажува колку вакцини ќе стигнат. Годината ја започнаа со лаги и така продолжи. Видовме како се врааќаа аванси и фиктивно се бројат вакцините. Затоа доаѓаат вакви смешни предлози за полициски час од 22 до 5 наутро кој нема да предизвика ништо друго освен комични коментари – изјави Лефков.

Лефков нагласи дека секој еден што гласаше за доверба на владата на Заев сега ќе биде одговорен и за третиот бран на корона вирус и за немањето на вакцини, како и за огромното задолжување и за образовниот систем кој се распаѓа.

Според него власта затоа и одбива да ја стави во Собрание на дневен ред точката за предлог-законот за измена на законот за заштита од заразни болести во кој ВМРО-ДПМНЕ предвидува формирање на нова професионална комисија за заразни болести, затоа што оваа сега служи за дневно-политичките интереси на Заев и Филипче

 

Поврзани содржини