Лефков: Дали Рашковски местел и тргувал со прашањата за испитот за судиите и обвинителите?

Не може судии и обвинители да бидат плод на криминал и местенки. Се поставува прашањето што бараат прашањата во канцеларијата на Рашковски, но и што бара приватната фирма „Инвока“ во универзитетски кампус.

380

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да преземе итни мерки за расчистување на случајот за софтверот за прашањата за полагање на испитот за судии и јавни обвинители. Да се повикаат на распит сите кои го положиле испитот и да се разгледа неговото поништување или повторно полагање.

– Не може судии и обвинители да бидат плод на криминал и местенки. Се поставува прашањето што бараат прашањата во канцеларијата на Рашковски, но и што бара приватната фирма „Инвока“ во универзитетски кампус. Изборот на новите судии и јавни обвинители, кои го положиле испитот, беше проследен со критики во јавноста, особено што имаше поголем број на кандидати кои положиле со 100 од вкупно 100 поени, но и голем број синови, ќерки и роднини на високи функционери на власта. Судии и обвинители станаа, Билјана Иванова, сопруга на синот на Цветанка Иванова, Кирил Георгиев, син на врховниот судија Наќе Георгиев, Александра Макаровска Димовска, поранешна вработена во СЈО, внука на Станка Атанасова, поранешна пратеничка од СДСМ од Свети Николе, Гордана Василева, поранешна вработена како соработник во Основниот суд во Струмица, блиска пријателка на генералниот секретар Рашковски, Ќерките на обвинителките Лилјана Спасовска и Гордана Смаќоска, синот на заменичката на Катица Јанева, Елизабета Јосифовска и мноштво други – вели Миле Лефков пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.






Според него, софтверот со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители во канцеларијата на Рашковски фрла дамка и сомнеж врз целиот процес, врз неговата легитимност, и точност.

– Дали прашањата за судии и обвинители им се давани на одредени кандидати однапред или пак истите се продавани? Дали Рашковски местел и тргувал со прашањата? Според информациите кои излегоа во медиумите софтверот на Академијата за судии и јавни обвинители е одржуван од страна на фирмата „Инвока“, поврзана со Рашковски и крими тендерите. Таа ги имала прашањата, а во влада каде генерален секретар бил Рашковски се наоѓал серверот. Прашањата, софтверот и серверот за прашањата за испитот за судии и обвинители се на релација Рашковски – „Инвока“ – вели Лефков.

 

Поврзани содржини