Леди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат најголем концерт „од дома“

365
Пејачката Леди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага истакна дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.






По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“ (One World: Together At Home), виртуелен телевизиски настан со кој би им се оддало признание на здравствените работници за помошта при пандемијата на коронавирусот.

Емисијата ќе се емитува на 18 април во 20 часот истовремено на телевизиите ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-водители Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Данас“.

– Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници – рекла Леди Гага преку видеоповик во текот на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додала:

„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега историско културно движење без преседан и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух.“

 

 

 

Поврзани содржини