На синоќешната церемонија на доделувањето на Ем-ти-ви видео музичките награди доминираше Леди Гага. Таа освои пет награди од деветте номинации.
Контроверзната пејачка, освен со бројот на освоени награди, вниманието го привлече и со необичните костими и маски за лице што ги носеше.
Леди Гага освои награди за уметник на годината, песна на годината, најдобра соработка и најдобра кинематографија, наградата за трикон, кои што фановите шпекулираат дека Ем-ти-ви ја измислиле само за неа, која што се однесува на уметници кои што се успешни на различни полиња, вклучувајќи ја и модата и активизмот.
Леди Гага со танчарките имаше неколкуминутен енергичен настап. Во еден момент ѝ се придружи и пејачката Аријана Гранде, за да го изведат нивниот заеднички хит „Rain on Me“.
Канадскиот пејач Д’Викенд ја освои главната награда, за најдобар видеоспот за нумерата „Blinding Lights“, новото момче на актерката Меган Фокс, Машин Ган Кели освои награда за најдобра алтернатива, а Тејлор Свифт за најдобра режија на музичкото видео „The Man“.
ФОТО: Инстаграм