Леди Гага најави нов албум за 29 мај Лос Анџелес

296

Американската пејачка Леди Гага на Инстаграм соопшти дека на 29 мај ќе објави нови албум.

Тој ќе биде насловен „Chromatica” и ќе има 16 песни. Албумот бил планиран за порано, но Леди Гага не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот.






„Ова е доста страшно време за сите нас и додека бев уверена дека уметноста е најсилно нешто што ни овозможува радост и исцелување, сфатив оти едноставно не е в ред од моја страна да објавам нов албум во услови на светска пандемија… Но, патешествието продолжува“, напиша таа.

Поврзани содржини