ЛЕБРОН ИГРА ПОДОБРО ОТКАКО НАПОЛНИ 40 ГОДИНИ? Ги надмина бројките од 2012 година
Леброн Џејмс има просек од 26,5 поени, 8,3 скока и 8,1 асистенции, бројки што ги надминуваат оние што ги прикажа во сезоната 2012/13, која се смета за најдобра во неговата кариера.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс бележи извонредни изданија во 2025 година.
Откако наполни 40 години, Леброн Џејмс има просек од 26,5 поени, 8,3 скока и 8,1 асистенции. Овие статистички показатели ги надминуваат оние што ги прикажа во сезоната 2012/13, која се смета за најдобра во неговата кариера.
Според аналитичарите на НБА-лигата, оваа статистичка аномалија се должи на фактот што лигата бележи значително зголемување на темпото на игра и ефикасноста во последните десет години.
Колку за споредба, во сезоната 2012/13, најефикасен тим беше Денвер, кој постигнуваше 106 поени по натпревар, додека досега во сезоната 2024/25, Мемфис постигнува 123 поени по натпревар.