ЛЕБРОН ЏЕЈМС ГО НАЈАВИ „КРАЈОТ“? Фановите во исчекување на големата одлука

По мистериозната порака „одлука“, светот на кошарката во исчекување, дали Леброн конечно ќе каже збогум на терените?

48

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс, би можел наскоро да ја заврши својата блескава кариера. Со над 40.000 постигнати поени, тој е единствениот играч кој ја има надминато оваа неверојатна бројка, запишувајќи се засекогаш во историјата на светската кошарка.

Веќе подолго време се шпекулира за неговото пензионирање, но новата објава на социјалните мрежи повторно ја запали дискусијата меѓу фановите. Леброн објави само една збор – „одлука“, што многумина ја протолкуваа како знак дека ќе ја соопшти својата последна професионална одлука.






Слична ситуација се случи во 2010 година, кога Џејмс на национална телевизија ја најави својата „одлука“ да го напушти Кливленд Кавалирс и да премине во Мајами Хит, каде што освои две шампионски титули.

Сега, 14 години подоцна, истата мистериозна порака повторно ја буди љубопитноста кај милионите следбеници ширум светот.

Иако многумина очекуваат официјално пензионирање, дел од спортските аналитичари не ја исклучуваат можноста Леброн да ја продолжи кариерата во нова улога или нов клуб, особено ако неговиот син Брони Џејмс се приклучи во НБА.

Големата одлука, според американските медиуми, ќе биде соопштена во вторник, 7 октомври, напладне по американско време, односно во попладневните часови по македонско време.

Без оглед на исходот, едно е сигурно – кошарката нема да биде иста без Леброн Џејмс, играчот кој повеќе од две децении ја дефинираше НБА лигата.

Поврзани содржини