ЛЕБОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 65 ОТСТО Eвростат направи паралела со цената од пред 5 години

Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто и во Шведска – 20 отсто. 

235

Македонските граѓани јадат многу поскап леб за разлика од пред пет години. Eвростат регистрира дека има големо поскапување на цената на лебот во земјава од дури 65 отсто.

Тоа е третото најголемо поскапување на лебот во Европа во изминатите пет години.






Најголемото поскапување е евидентирано во Унгарија од 113 отсто, а на втората позиција е Полска со пораст од 75 отсто.

Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто.

Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто и во Шведска – 20 отсто.

Поврзани содржини