ЛЕБОТ НЕМА ДА ПОСКАПИ Нема големи промени на цената кај пченицата и кај сончогледот

Ѓорѓиевски смета дека мора да има одржлив баланс кога се работи за платите, бидејќи покачувањето на минималната плата влијае на зголемување на сите останати плати.

48

Лебот нема да поскапи, рече денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски.

Како што истакна на прес-конференција, стабилна е цената на пченицата, а нема да има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло.






Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не е за замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените.

Според него, треба доследно да се применува Законот за нефер трговски практики.

Во однос на минималната плата, Ѓорѓиевски потенцира дека мора да има одржлив баланс кога се работи за платите. Покачувањето на минималната плата, рече, влијае на зголемување на сите останати плати.

-Проблем не е бизнисот, туку администрацијата. Треба да научиме дека треба да работиме за да земаме плата. Треба да креираме ситуација на работење во општеството- реле тој.

Тој што е квалитетен во приватниот сектор зема одлична плата, смета Ѓорѓиевски, а оние што не се задоволни си заминуваат.

Поврзани содржини