ЛЕБОТ, МЛЕКОТО И КАШКАВАЛОТ ПОЕВТИНИ ВО ГЕРМАНИЈА Што се случува со цените кај нас?

775

Цените на основните животни намирници во Германија се поевтини или исти како во Македонија, објави Република.мк, наведувајќи дека на лице место провериле какви се цените.

Цената на лебот се движи од едно евро до 1.30. Има и поскапи но тие се лебовите кои се печат во пекарите во самите маркети.






Кашкавалот, кој стана недостижен за многу македонски семејства е во просек 8 евра за килограм. Пакувано пиле спремно за печење чини 4.29 евра.

Брашното и покрај војната во Украина од каде Германија набавува жито чини 0.69 за килограм или пет евра за пакување од пет килограми.

Поскап е само зејтинот, како и овошјето и зеленчукот, но стадардот на германскиот граѓанин е неколкупати повисок од нстандардот на македонските граѓани.

Поврзани содржини