Лебед кој останал без сопатникот задржал речиси 20 воза во централна Германија, на пругата која ги поврзува Касел и Гетинген, соопштила германската полиција.
Птицата не сакала да се одвои од шините, каде лежел нејзиниот загинат сопатник, кој најверојатно настрадал од електрични кабли.
Железничкиот сообраќај продолжил кога пожарникари успеале да го залажат лебедот и да го тргнат од шините.
Полицијата соопштила детали за настанот кој се случил на 23 декември.
Според здружението за заштита на птиците, лебедите живеат во пар и заедно остануваат цел живот.