ЛЕА Е ПРОФЕСИОНАЛНА ГОЛТАЧКА НА ХРАНАТА! Во нејзината уста исчезнува сè, оваа убавица држи 26 Гинисови рекорди (ФОТО+ВИДЕО)
Како поранешен ентузијаст за бодибилдинг, Леа е навикната да тренира напорно и брзо да напредува во нејзините спорадични предизвици за да го одржува своето тело, кое таа го опишува како машина, во добра работна состојба.
Леа Шуткевер е професионален „голтач“ на храна, а зад себе остави многу успешна кариера како дизајнер на ентериер, кога сфати дека има природен талент да јаде големи порции храна. Оваа девојка сега има над 300.000 следбеници на Јутјуб и 160.000 на Инстаграм, додека во кариерата држи и 26 Гинисови рекорди.
Важно е да се нагласи дека таа измина долг пат за краток временски период, но нејзината кариера доаѓа со ризици, бидејќи, како што можеме да замислиме, голтањето огромни количества храна и голтањето цели плодови во обидите да се соборат брзинските рекорди не може да биде премногу здрав, ниту нормално, ниту може да се изведе без добра претходна подготовка и вежбање.

Како поранешен ентузијаст за бодибилдинг, Леа е навикната да тренира напорно и брзо да напредува во нејзините спорадични предизвици за да го одржува своето тело, кое таа го опишува како машина, во добра работна состојба.
Од друга страна, еден обид да собори рекордот во Јапонија завршил со толку многу храна во нејзиниот стомак што крвта почнала да ѝ го напушта мозокот, што предизвикало несвестица и болничко лекување.
Згора на тоа, како што тврди и самата оваа амазонка, неколку пати барала да се заврши натпреварот, но тоа продолжило и снимањето се одвивало нормално додека нејзиното тело не било „исклучено“. Леа учествуваше во предизвик одржан во едно јапонско телевизиско шоу, чија епизода, се разбира, никогаш не беше емитувана бидејќи изгубила свест.
View this post on Instagram
Погледнете дел од предизвиците кои ги има Леа во голтањето на храна, а повеќе фотографии и видеа можете да погледнете на нејзините профили на Јутуб и Инстаграм.